ССК ОБВИНИ ЗА ТОТАЛЕН ХАОС ПО ЗАБРАНАТА НА ПЛАСТИЧНИ КЕСИ Се бара повлекување на законот, пониска цена за кесите и помали казни

Од Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојузот на стопански комори велат дека со овој закон се загрозат егзистенцијата и опстојувањето на голем број фирми производители на пластични кеси, а недореченостите во него прават тотален хаос.

434

Одлагање на приемената на Законот за управување со пакување и отпад од пакување со кој се забранува употреба на пластични кеси, укинување на надоместокот кој треба да го плаќаат граѓаните за биоразградивите кеси  и намалување на казните, бара  Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојузот на стопански комори.

Од Групацијата велат дека со овој закон се загрозат егзистенцијата и опстојувањето на голем број фирми производители на пластични кеси, а недореченостите во него прават тотален хаос.






– Со новиот Правилник за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција,  употребата на оксо-биоразградливи кеси останува до 1 јуни 2023, а потоа треба да бидат заменети со биоразградливи. За тоа да се обезбеди потребни се дополнителни инвестиции, обука на вработените, а дадените роковите се премногу кратки – истакнува Ели Качева претседавач на Групацијата.

Качева направи споредба соГерманија каде што сличен закон е донесен во 2015 година, но таму на производителите им се остава рок од 7 години за адаптација и пренамена на своето деловно работење.

– Исто така во ниту една држава не е целосно забранета употребата на најтенките кеси под 15 микрони кои се користат за размер на овошје и зеленчук, како што е кај нас -рече Качева.

Според неа, проблем е цената од 15 денари за оксо-биоразградливи кеси, што според неа, преставува дополнителен удар за производителите, трговците и граѓаните.

– Сметаме дека надоместокот кој ќе го плаќаат граѓаните за една кеса од 15 денари претставува дополнителен финансиски товар, во време на економска криза и пандемија. Производителите на пластични кеси се соочени со големи проблеми бидејќи голем дел од нарачките се откажуваат, со што значително се намалува обемот на работа. Примената на законското решение е проблематично и затоа што нема прецизен план и програма за што ќе се трошат средствата кои ќе се уплаќаат на сметката во Министерството за животна средина. Поради 0овие и други недореченостите во законот во моментов владее хаос – вели Качева.

За надминување на состојбите Групацијата истакнуваат неколку барања упатени до Министерството за животна средина.

– Прво бараме да се  укине надоместокот од 15 денари бидејќи не само што нема никаква пазарна логика, туку е и многу повисок споредено со другите држави. Компаративната анализа која ја направивме  покажува дека цената на кесите во Србија изнесува 7,5 денари, а во Грција 9 денари. Сметаме дека зголемувањето на цената треба да биде сукцесивно во етапи. Исто така неопходно е да се интервенира во казнените одредби бидејќи глобите за трговците доколку на пример не водат соодветна евиденција за продажбата на кеси се и до 180.000 евра. Од овие законски измени директно е засегнaто опстојувањето и егзистенцијата на 32 претпријатија кои бројат вкупно 600 вработени физички лица, невклучувајќи ги и надворешните соработници како добавувачи на репроматеријали, дистрибутери. Затоа е неопходно законот да се измени и да се изнајде заедничко решение, во консултација и работни групи со производителите и трговците – рече Качева.

Поврзани содржини