Српските туристи под закана – од море право во карантин?!

1,549

Околу 75.000 српски туристи во моментов летуваат во земјите од регионот во кои пандемијата се засилува, па властите во Белград в понеделник ќе одлучат дали секој турист по враќањето во Србија ќе мора да биде во задолжителен карантин.

Топ дестинација за српските туристи е Црна Гора, каде што се регистрира голем пораст на заразени со коронавирус. Бројката на новозаразени во Црна Гора се движи околу 200 дневно, што е вознемирувачка цифра за земја со вкупно 628.000 жители.






Во Хрватска во последните 24 часа се евидентирани 341 нов случај на коронавирус, додека бројот на активни случаи е 2.587. Не е добра ситуацијата и во Македонија, во Грција и во Албанија, но се чини дека српските власти најмногу се загрижени од повратниците од Црна Гора.

Според водечките српски медиуми, кризниот штаб во понеделник ќе заземе став дали да се воведе карантин за повратниците од море, кој би траел најмногу седум дена.

 

Поврзани содржини