Српските туристи до 1 јули не можат да одат во Грција на одмор

До први јули нема да можат да влезат српски туристи на грчка територија. Зачудени сме од одлуката и ги молиме туристите за трпение - рекол Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација ЈУТА.

1,360

Грција ќе мора да ги следи препораките на ЕУ за отворање на границите за трети земји, а тоа се однесува и на туристите од Србија, кои ќе можат да влезат во земјите на ЕУ од 1 јули годинава, се вели во соопштението кое попладнево им пристигнало на српските туристички агенции, пренесе „Блиц“.

– До први јули нема да можат да влезат српски туристи на грчка територија. Зачудени сме од одлуката и ги молиме туристите за трпение – рекол Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација ЈУТА.






Фото: Принтскрин/Блиц
Поврзани содржини