СРПСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ГО ЛИКВИДИРАА УБИЕЦОТ ОД ЈАГОДИНА Саша Милосављевиќ пукал кон еден од полицајците

При обидот за апсење убиецот пукал кон еден полицаец по што бил ликвидиран, изјави српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

2,948

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ, кој попладнето на Бадник уби едно лице, а друго тешко рани.

Припадниците на Специјалната антитерористичка единица го ликвидираа Саша Милосављевиќ (1977) во Јагодина, кој попладнето уби едно лице, а друго тешко рани. При обидот за апсење убиецот пукал кон еден полицаец по што бил ликвидиран – изјави Дачиќ, пишува српски Курир.






Милосавлевиќ е осудуван за повеќе кривични дела, убиство во обид, тешка кражба, семејно насилство и недозволено носење оружје.

Лекарите не успеаја да го спасат животот на педесет и шестгодишниот Д.М., сопственик на кафеаната во Јагодина. Тој бил убиен од Милосавлевиќ откако избила кавга во кафеаната „Круг“ во населбата Стрелиште. Милосавлевиќ побегнал кон руските гробишта.

НАПАД ВО КАФЕАНА ВО ЈАГОДИНА, СЕ ПОВТОРИ „ЦЕТИЊЕ“? Едно лице се бори за живот, има повредени

Несреќата што се случи вечерва во Јагодина е само продолжение на конфликтот кој започна минатата недела. Mинатата недела дошло до тепачка во истата кафеана, а вечерва конфликтот кулминирал со пукање.

Пукањето во Јагодина кое го потресе регионот се случи само неколку дена откако во Цетиње во Црна Гора во сличен напад на 1 јануари кој започна со караница во кафеана беа убиени 12 лица, меѓу кои и две деца.

 

Поврзани содржини