Колку голема е моќта на добрата фризура и шминка најдобро ја покажал младиот уметник Александар Драмиќанин кога целосно ја преобразил својата баба Милоратка (86), која живее во село кај Ивањица, и од неа направил неверојатна убавица којашто потсетува на филмските диви.
– Баба ми, како и повеќето жени кои живеат на село, не се шминка, не ја бојадисува косата и носи марама. Но, таа е жена која плени со својата внатрешна и надворешна убавина, и затоа дојдов до идеја да ја средам. Во текот на карантинот престојував кај моите во Ивањица и ја искористив можноста да ја убеди. Кога ја нашминкав и кога се виде во огледало, таа само се насмеа, несвесна за својата убавина – изјавил Александар за РИНА.
Овој млад уметник, кој веќе 15 години успешно работи во Белград, ги сподели фотографиите на својата баба на социјалните мрежи, а во неговиот салон ќе ги објави нејзините врамени портрети.
„Горд сум на сите оние прекрасни и добри коментари кои пристигнаа откако ја објавив сликата на баба ми. Покрај сите прекрасни жени што сум ги средил, таа е таа која најмногу ме инспирира“, рекол Александар.
ФОТО: Инстаграм