СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ДОАЃА ВО СКОПЈЕ Посебен режим на сообраќај во понеделник

1,394

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Поврзани содржини