Српскиот манекен Раде Лазиќ раскажува како избегнал директен контакт со терористите во Виена

Се зборува и дека била фрлена граната во метрото, на линијата У3, каде што се повредени околу 50 луѓе, но засега таа информација не е потврдена - рекол Лазиќ.

2,377

Српскиот манекен Раде Лазиќ за „Блиц“ раскажал како успеал да избегне директен контакт со терористите кои синоќа извршија напад во центарот на Виена.

– Во 21 часот се случи првиот напад на Синагогата и оттаму почнаа терористите да пукаат на цивилите. Подоцна нападите се проширија на 9-от виенски округ, 11-от округ, а имам информација дека тоа се случило и на 20-от округ. Се зборува и дека била фрлена граната во метрото, на линијата У3, каде што се повредени околу 50 луѓе, но засега таа информација не е потврдена – рекол Лазиќ.






Тој раскажал дека за време на нападот бил излезен надвор на трчање.

– Јас бев надвор кога се случи нападот, поточно бев на трчање, но некако успеав да се пробијам и да избегнам контакт со терористите. Денеска сигурно нема да ја пуштам мојата ќерка да оди на училиште, а апелирам и до сите луѓе да останат дома и што помалку да се движат надвор, додека ова не помине – посочил Лазиќ.

Во нападот убиени се најмалку тројца луѓе, а има повеќе повредени во пукањето за кое што полицијата потврди дека е терористички напад.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Македонија.

Нехамер рече дека напаѓачот, кој беше убиен од полицијата, имал 20 години, имал македонско потекло и бил осуден за терористичко здружување.

Министерот го кажа и името на убиениот терорист – Кујтим Фејулаи, кој на 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава.

Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.

Тој за агенцијата АПА изјави дека терористот имал австриско и македонско државјанство.

Главниот уредник на списанието „Фалтер“, Флоријан Кленк претходно објави дека напаѓачот е Албанец од Северна Македонија, роден и израснат во Виена.

– Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го изврши грозоморниот напад врз невини граѓани – нагласи Нехамер.

Тој рече дека биле извршени претреси во околината на напаѓачот, поточно бил извршен претрес во 15 станови и оти се уапсени неколку лица.

Поврзани содржини