СРПСКИОТ АКТЕР Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ Лекарите се борат за неговиот живот
Актерот веќе три недели е во болница. Пред една недела примал кислород преку маска.
Актерот Марко Живиќ (49) од понеделникот е на респиратор, пренесуваат српските медиуми.
Вработените во КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“ се борат за неговиот живот поради тешката здравствена состојба и влошувањето поради коронавирусот.
Актерот веќе три недели е во болница. Пред една недела примал кислород преку маска, но поради влошената здравствена состојба, моментално е на респиратор.
– Ситуацијата на Марк почна да се влошува и сите негови параметри беа многу лоши, особено крвната слика. Тој има пневмонија, а дополнителна компликација му предизвика бактеријата од дигестивниот тракт. Со оглед на тоа што пред неколку години беше подложен на операција поради рак на хранопроводот и стомакот, бактеријата ја влошила неговата здравствена состојба. Се надеваме дека ќе успее да го победи коронавирусо, но лекарите отворено ни рекоа дека тој е во многу лоша состојба. Сите веруваме дека Марко е голем борец и дека многу го сака животот – рекол еден од пријателите на Марко за српските медиуми.
Живиќ е најпознат по улогите во филмовите „Некролог за Ескобар“ и „Монтевидео, Бог те виде“.
ФОТО: Инстаграм