СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ИЗЛЕГОА СО ДЕКЛАРАЦИЈА ДО ИНСТИТУЦИИТЕ Ова е прв чекор напред до остварување на предлозите

Останува само заедно да соработуваме, да се вклучуваме во иницијативи и да ги искажуваме нашите ставови, велат од ОДАСС.

80

Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАСС) соопшти дека денеска доставила Декларација на средношколците до неколку државни институции, здруженија и организации.

„Декларацијата на средношколците која беше донесена на првиот Национален средношколски самит 2022 (организиран од ОДАСС – Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите) од страна на голем број средношколци од многу средни училишта и градови од државата, беше доставена до Министерството за образование и наука, Собранието на Република Северна Македонија, „Europe House”, а во дигитална форма беше испратена на голем број здруженија, совети и други организации“, се наведува во соопштението.






Оттаму посочуваат дека ова е голем чекор напред кон остварувањето на предлозите на средношколците, но е само почеток.

„Останува само заедно да соработуваме, да се вклучуваме во иницијативи и да ги искажуваме нашите ставови“, велат од ОДАСС.

Поврзани содржини
na