СРЕЌНИЦИТЕ ЛАНИ ГИ ТРИЕЛЕ РАЦЕТЕ Играчи на Видеолотарија лани заработиле повеќе од 666 милиони денари

Изминатата 2022 беше среќна и добитна за играчите на Видеолотарија Касинос Австрија. Рекордни 156 добитници се радуваа на добивката Милионер џекпот. Тие заедно поделија фантастични 230.957.008 денари.

128

Фантастична сума од 666.402.567 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија им го исплати на играчите за џекпот добивки во 2022 година.

Изминатата 2022 беше среќна и добитна за играчите на Видеолотарија Касинос Австрија. Рекордни 156 добитници се радуваа на добивката Милионер џекпот. Тие заедно поделија фантастични 230.957.008 денари. Изминатата година 22 играчи се радуваа на Супер милионер џекпот, добивката која збирно им донесе сензационални 221.491.895 денари. Радоста во 2022 година ја споделија и други 22.212 играчи на видеолотариските терминали, кои заедно освоија 99.944.170 денари.






– Во декември  придонесовме и за дополнителна причина за радување. Видеолотарија Касинос Австрија од први декември активираше нова добивка, Новогодишен Супер милионер со дефиниран опсег на добивката од 24 до 36 милиони денари или околу 600.000 евра. Ова е најголемата џекпот добивка на сите времиња кај нас. Фондот за оваа добивката е веќе полн и се очекува секој момент да падне – велат од Видеолотарија.

И играчите на единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.mk, се радуваа на џекпот добивките. Вкупно 33.592 џекпот добивки кај играчите донесоа 114.009.494 денари.

– Филип е нашиот 2winТипстер за 2022 година, а неговиот тикет е тикетот на годината. Тој со влог од 1.200 денари, успеа да си обезбеди добивка во износ од фантастични 2.262.074 денари – велат од Видеолотарија.

На единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.mk, во тек е големата наградна игра Заврти и победи. Играта од која во тек е третото коло, има фантастичен фонд на награди од 13 милиони денари, со 300 награди од кои 34 се стокови награди, а 266 се парични награди. Најголемо внимание предизвикуваат двата автомобила „мерцедес GLB“, кои ќе бидат освоени по еден во категоријата видеолотарија и електронски игри, и еден во категоријата спортско обложување, а се главни награди во финалното коло. Правилата за наградната игра се достапни на платформата 2win.mk.

Поврзани содржини