„СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛУКАШЕНКО, СРБИЈА ТЕ САКА“ Движењето „Наши“ закупи билборди во Белград

Среќен роденден, претседателе Лукашенко! Србија те сака!, пишува на неколку билборди низ Белград со потпис од десничарското движење „Наши“.

760

Големи постери со роденденски честитки за белорускиот лидер Александар Лукашенко осамнаа на клучни локации во Белград и Нови Сад, јави српска Нова.

На билбордите пишува:






„Среќен роденден, претседателе Лукашенко! Србија те сака!“, со потпис од десничарското движење „Наши“.

„Наши“ се познати по слични акции. Минатата година истото движење поставило билборди со пораката „Србија е со Лукашенко“, како поддршка за контроверзниот белоруски претседател кој владее речиси 30 години.

Иван Ивановиќ, лидерот на „Наши“, е потпишан на билбордите со роденденски честитки за Лукашенко.

 

Поврзани содржини