СРЕЌЕН ОКТОМВРИ Видеолотарија им исплати 44 милиони денари на играчите
Во текот на овој месец двајца играчи освоија Супер милионер.
Фантастична сума од 44.114.642 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кај играчите за Супер милионер, Милионер и Мини џекпот во октомври. Во текот на овој месец двајца играчи освоија Супер милионер.
– Секој месец е милионски за играчите на Видеолотарија Касинос Австрија. Октомври донесе радост кај многу играчи на виделотариските терминали. Овој месец двапати донесе радост со најголемата добивка на овие простори, најпосакуваниот Супер милионер џекпот. Тие заедно поделија 19.843.865 денари, од кои најголемиот за овој месец беше вреден 10.221.542 денари, освоен во „Моцарт“ во Радовиш на 07.10.2022. – велат од Видеолотарија.
За добивката Милионер џекпот, играчите во октомври поделија 17 милиони денари. Најголемата Милионер џекпот добивка вредна 1.734.916 денари е освоена на 27.10.2022 во „Златна копачка“ во Тетово.
Во октомври играчите поделија и 7.470.798 денари со Мини џекпот добивките.