СРЦЕ И БОРБА, НО БЕЗ ПОБЕДА Ѓорческа запрена во четвртфинале

Лина Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе освои 16 поени и на новото рангирање ќе биде рангирана под 200-то место. 

242

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е запрена во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Поуспешна од неа во неизвесен меч беше Лили Тагер од Австрија со 2:1 во сетови ( 6:3; 5:7; 7:6(7:5)).

Ова е втора победа за тенисерката од Австрија во последните пет дена откако претходно исто во три сета ја победи Ѓорческа во финалето на турнирот во Букурешт.






Во првиот сет Тагер направи брејк и поведе со 3:0 во гемови, а Ѓорческа успеа да се врати и да намали на 4:3. Но, сепак следните два гема и припаднаа на нејзината ривалка. Во вториот сет по 4:3 во гемови за Тагер, македонската тенисерка успеа да направи пресврт и гоп доби сетот со 7:5 и изедначи на 1:1.

Во решавачкиот сет повторно младата Тагер беше во предност, а македонската тенисерка во десеттиот гем од сетот спаси меч топка, а потоа со брејк изедначи на 5:5. Сепак сетот и мечот беше решен во тај брејкот, а нијанси решија Тагер да го добие со 7:5 на поени.

Лина Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе освои 16 поени и на новото рангирање ќе биде рангирана под 200-то место.

Поврзани содржини