СРБИНОТ ДОДИЌ, СЕПАК, ЌЕ ИГРА ЗА ВАРДАР Ќе биде црно-црвен до крајот на сезоната

Додиќ, кој веќе има настапи за српската сениорска репрезентација, од поодамна има договорено трансфер во полскиот шампион Киелце по завршувањето на актуелната сезона.

314

 

Големата надеж на српскиот ракомет Стефан Додиќ до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Вардар 1961, соопшти денеска македонскиот ракометен првак, потврдувајќи го ангажманот на 18-годишниот среден бек, кој по подолг престој во Металург доаѓа во редовите на „црвено-црните“ од прволигашот Охрид.






Додиќ, кој веќе има настапи за српската сениорска репрезентација, од поодамна има договорено трансфер во полскиот шампион Киелце по завршувањето на актуелната сезона.

Српскиот ракометар во Вардар треба да ја засили конкуренцијата на плејмејкерската позиција по повредата на стандардниот Анте Гаџа.

Поврзани содржини