СРБИЈА УСПЕА ДА ГО ИЗВЛЕЧЕ НАЈДОБРОТО ШТО МОЖЕШЕ Вучиќ вели дека сега на сите им е полесно

Поради таа одлука никому не му е потешко, на сите им е полесно, изјави Вучиќ објаснувајќи дека договорот со Курти бил усмен.

809

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија успеала да го извлече најдоброто што можело да се извлече од договорот со Приштина, наведувајќи дека договорот со Курти бил усмен, пишува Н1.

По заедничката вежба на припадниците на полицијата и армијата на полигонот Пасуљанска Ливада, Вучиќ на новинарите им рече дека договорот, според кој Србија го укинува издавањето на документи за излез за лицата кои имаат косовски документи за идентификација, а Косово не ги воведе за оние кои имаат српски лични карти, беше усно, бидејќи писмениот договор е потпишан во 2011 година.






Според него, од 2011 година граѓаните ја преминувале административната линија со косовски документи, но со нив се издавала хартија, која сега е укината.

– Поради таа одлука никому не му е потешко, на сите им е полесно – изјави Вучиќ.

Вучиќ рече дека „секогаш“ е подготвен за седницата на Собранието на Србија за Косово и Метохија, но дека таа треба да се координира со обврските.

Поврзани содржини