СРБИЈА КУПУВА 12 НОВИ АВИОНИ „РАФАЛ“ ОД ФРАНЦИЈА Вучиќ и Макрон ја договорија цената

Му се заблагодарив за поддршката што Франција ја пружа на европскиот пат на Србија, но исто така сум благодарен за сè поголемите инвестиции и сè поголемата соработка што ја имаме во различни сфери на животот, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

390

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше на прес-конференција по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон, каде што ги објасни деталите од состанокот и договорите што беа потпишани.

На почетокот на конференцијата, Вучиќ изјави дека разговорот бил долг.






– Имавме долги разговори и ќе продолжиме со нив до доцна во ноќта. Разговаравме за сите важни стратешки прашања, како билатералната соработка, така и за нашиот пат кон ЕУ и стратешките односи во светот и Европа. Му се заблагодарив за поддршката што Франција ја пружа на европскиот пат на Србија, но исто така сум благодарен за сè поголемите инвестиции и сè поголемата соработка што ја имаме во различни сфери на животот – наведе Вучиќ.

Едно од прашањата за кои се разговараше беше и нуклеарната енергија.

– Србија за 10 години нема да има доволно електрична енергија ако не користи нуклеарна енергија. Во тоа вложуваат многу земји од ЕУ и учат од францускиот пример. Тие 70 отсто од енергијата ја добиваат преку нуклеарни реактори. Станува збор за чиста енергија – истакна претседателот на Србија.

Потоа се осврна на најважниот дел од средбата.

„Големата вест е купувањето на Рафал авиони. Ќе видите, ќе бидеме сосема отворени. Договорот е потпишан со логистички пакет. Од резервни мотори до сè друго. Вкупната вредност е 2,7 милијарди евра. Дванаесет сосема нови авиони ќе бидат во сопственост на Србија. Ова е огромна вест и ќе значително ќе придонесе на оперативните способности на нашата армија. Благодарност до Макрон што ни овозможи да купиме нови Rafale авиони и веруваме дека тоа не беше лесно. Веруваме и во добра соработка на нашите армии во иднина. Во 2024 и 2025 година ќе исплатиме по 15 отсто од буџетот, по 421 милион евра. Нема да го зголемиме уделот на јавниот долг во БДП на Србија – порача тој.

На крајот, Вучиќ рече дека разговарале и за ситуацијата во Европа и регионот.

– Мене не ми е срам, за разлика од многумина, да зборувам отворено и искрено со Макрон. Тој е еден од луѓето кои може да слушне различно мислење и мислам дека е важно да дојдеме до мир што побрзо. Изразив желба ситуацијата во регионот да биде целосно стабилна и сигурна. Верувам дека ќе имаме значајна поддршка од Франција во ова прашање – заклучи Вучиќ.

Поврзани содржини