СРБИЈА ИСПРАЌА МУНИЦИЈА ВО УКРАИНА ПРЕКУ ЛАЖНИ СЕРТИФИКАТИ? Руските служби тврдат дека оружјето патува преку Чешка, Полска и Бугарија
Едноставна шема со лажни сертификати на крајните корисници и земјите-посредници се користи како покритие за антируски активности, меѓу кои најчести се членките на НАТО, првенствено Чешка, Полска и Бугарија. Во последно време, за оваа цел се користат и егзотични опции, вклучувајќи ги и африканските земји, соопшти Службата за надворешно разузнавање на Русија.
Службата за надворешно разузнавање на Русија ја обвини Србија дека продолжува да ја снабдува Украина со муниција, наведувајќи дека целта на тие испораки е да се убијат руски војници и цивили и дека „Србија се обидува да ѝ пука на Русија в грб“.
„СВР добива информации дека српски компании од наменска индустрија продолжуваат да ја снабдуваат Украина со муниција, спротивно на „неутралноста“ прогласена од официјален Белград. Едноставна шема со лажни сертификати на крајните корисници и земјите-посредници се користи како покритие за антируски активности, меѓу кои најчести се членките на НАТО, првенствено Чешка, Полска и Бугарија. Во последно време, за оваа цел се користат и егзотични опции, вклучувајќи ги и африканските земји“, се вели во соопштението.
Војната во Украина продолжува и покрај најавите за можна втора рунда мировни преговори во Истанбул. Аналитичарите зборуваат за можна летна офанзива на Русите во регионите Суми и Харков.
Во извештај на мониторинг тим од 11 земји на Обединетите Нации се вели дека Северна Кореја ѝ обезбедила на Русија 20.000 контејнери со 9 милиони парчиња артилериска и ракетна муниција овозможувајќи да ги зголеми ракетирањата врз цивилна инфраструктура во Украина.
Русија и Северна Кореја имаат намера да ја продолжат и да ја продолжат и дополнително да ја продлабочат својата воена соработка, се вели во написот.