Србија има во план да купи ловци-бомбардери

Вучиќ рече дека ќе се зајакне и капацитетот на противвоздухопловната одбрана.

377

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се започнати „одредени иницијативи“ за зајакнување на српското воено воздухопловство, особено бомбардерските компоненти.

Тој рече дека ќе се зајакне и капацитетот на противвоздухопловната одбрана.






– Во голема мерка ја обновивме бомбардерската авијација, денес имаме десет „Орли“, исто така имаме „Супер галеби Г-4“ што можеме да ги користиме во тие акции, но тоа мора да биде многу повеќе. Ќе гледаме да купиме ловци-бомбардери кои се способни да водат блиска борба во воздух но и да дејствуваат против цели на теренот – изјави Вучиќ пред новинарите по посетата на припадниците на 15-от тенковски баталјон на српската војска во Сремска Митровица.

Наведувајќи дека ситуацијата во военото воздухопловство и противвоздушната одбрана е многу подобра отколку што била претходно, Вучиќ рече дека во моментов се на располагање десет ловечки авиони МиГ-29 и најави дека за „два или три месеци“ тој број ќе се зголеми на 14, откако ќе бидат доставени уште четири авиони од Белорусија.

Поврзани содржини