СРБИЈА ГИ ОСЛОБОДИ ТРОЈЦАТА КОСОВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ Ќе им се суди во Краљево

Приштина тврди дека полицајците биле киднапирани од територијата на Косово, додека од Белград велат дека тие биле уапсени на територијата на Србија.

276

Тројцата припадници на косовската полиција, кои беа уапсени на 14 јуни во Србија, се ослободени, јави Радио Слободна Европа.

Првиот секретар на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли, денеска на ФБ објави дека тројца косовски полицајци денеска ќе се појават пред судот во Краљево.






Приштина тврди дека полицајците биле киднапирани од територијата на Косово, додека од Белград велат дека тие биле уапсени на територијата на Србија.

Како што претходно соопштија српските власти, тие се осомничени дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, за кое е предвидена казна затвор до 12 години.

Поврзани содржини