СРБИЈА ДОЗВОЛИ ИЗВОЗ НА ПЕЛЕТИ Вкупно 24.000 тони пелети ќе се извезат до крајот на јануари 2023 година

Се проценува дека ваквата одлука на Владата е донесена во вистинско време, во моментот кога потрошувачите се снабдиле со потребните количини на сите видови огревно дрво, вклучително и пелети, и кога има одредени вишоци и залихи кај производителите.

266

Владата на Србија одобри квота за извоз на 24.000 тони пелети до крајот на јануари 2023 година на предлог на членките на Стопанската комора на Србија (ПКС), соопшти денеска Комората.

Се проценува дека ваквата одлука на Владата е донесена во вистинско време, во моментот кога потрошувачите се снабдиле со потребните количини на сите видови огревно дрво, вклучително и пелети, и кога има одредени вишоци и залихи кај производителите.






-Пелетите се уште се бараат во Европа и земјите од регионот, цените се повисоки, а одобрените количини за извоз нема да го загрозат снабдувањето на овој енергенс на српскиот пазар – изјави секретарот на Здружението за енергетика и рударство Љубинко Савиќ.

Поврзани содржини