📽️ СРАМ И СТРАВ НАМЕСТО АДРЕНАЛИН Британка тврди дека била сексуално нападната за време на парасајлинг
Одмор во Сус, Тунис, за 52-годишна туристка од Британија се претворил во траума, откако тврди дека била сексуално вознемирувана од млад оператор за парасајлинг за време на летот.
Она што требало да биде адреналинско доживување на море, за 52-годишната Мишел Вилсон се претворило во кошмар. Туристката од Саутпорт, Мерсисајд, тврди дека била сексуално нападната од оператор за парасајлинг за време на нејзиниот одмор во Сус, Тунис.
– Се почувствував валкано, понижено и исплашено – изјавила Мишел за британскиот „The Sun“.
Таа планирала тандем лет со пријателка, но поради силен ветер, им било кажано дека ќе мора да летаат одделно – секоја со оператор. Нејзината пријателка летала прва и, според Мишел, уживала без никаков проблем. Таа од далеку видела дека меѓу телата на пријателката и инструкторот имало доволно растојание.
Но, нејзиното искуство било сосема поинакво. Мишел, мајка на три деца и разведена, раскажува дека младиот оператор (околу 20 години) кој бил врзан зад неа, ја повлекувал долната половина од нејзиниот бикини и ја затегнувал опремата.
– Можев да ги почувствувам неговите нозе околу мене, едната рака му беше горе на падобранот, но другата не. Потоа ја почувствував неговата рака на мојата нога. Ме опипуваше, се движеше напред-назад кон мене и зборуваше на арапски. Го чувствував како се притиска кон мене. Се обидував да се оддалечам колку што можам. Бев преплашена и се чувствував беспомошно, висејќи во воздухот – раскажува таа.
Кога слетала, веднаш заплакала и пријавила во менаџментот на центарот за водни спортови, а потоа и во локалната полиција.
View this post on Instagram
Мишел платила 6.000 фунти за аранжманот преку „easyJet“ во Сус, заедно со 17-годишната ќерка, нејзините 16-годишни близнаци и пријателка на ќерката, но по инцидентот не можела да ужива во остатокот од патувањето.
– Како жени, очекуваме понекогаш малку флерт од мажи во овие земји, но ова не беше флерт, ова беше сексуален напад – изјавува таа.
Мишел верува дека напаѓачот е уапсен, а нејзината осигурителна компанија и британското Министерство за надворешни работи ѝ помагаат во случајот.
– Безбедноста и благосостојбата на нашите клиенти се приоритет. Продолжуваме да ѝ даваме поддршка на госпоѓа Вилсон и соработуваме со хотелскиот партнер за истражување на наводите – изјавиле од „easyJet“.