Спутник лајт ќе штити од коронавирусот 4 до 5 месеци

Спутник лајт, вакцина од една доза, е опишана како можно привремено решение што ќе им помогне на земјите со голема стапка на инфекција.

683

Должината на ефикасноста на вакцината Спутник лајт ќе биде три до четири пати пократка од имунитетот обезбеден од Спутник V, изјави денеска Александар Гинзбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во интервју за телевизискиот канал Русија-24.

Според Гинзбург, заштитата што ја обезбедува Спутник лајт од коронавирусот, најверојатно ќе трае четири до пет месеци.






Спутник лајт, вакцина од една доза, е опишана како можно привремено решение што ќе им помогне на земјите со голема стапка на инфекција.

Поврзани содржини