СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПОМИРУВАЊЕ, НО САМО СО ЗАШТИТА НА БУГАРИТЕ Милков вели дека ако тоа не се постигне „ќе се бетонира репресијата“
Според него најважниот услов е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Тој раскажа и дека постои сериозна антибугарска пропаганда во Македонија и дека за случајот со претепаниот Христијан Пендиков македонската полиција ги испрашува активистите од бугарските клубови, наместо вистинските напаѓачи.
„Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата”.
Вака во интервју за БТВ ги објаснува актуелниот бугарски министер за надворешни работи Николај Милков условите под кои можат да бидат вратени во нормала односите меѓу Македонија и Бугарија.
Според него најважниот услов е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Тој раскажа и дека постои сериозна антибугарска пропаганда во Македонија и дека за случајот со претепаниот Христијан Пендиков македонската полиција ги испрашува активистите од бугарските клубови, наместо вистинските напаѓачи.
– Тоа е серизоен проблем. Наместо да се се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот – вели тој.
Милков вели дека не се согласува со ставот на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека случајот со претепувањето на Пендиков се користи за внатрешнополитички цели во Бугарија.
Во однос на делот провокации од бугарска страна, тој вели дека секогаш кога имало провокации од бугарска страна, министерството реагирало, а за говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание, Костадин Костадинов во Скопје, вели дека тоа не може да го коментира бидејќи немал информации што се случило бидејќи не бил таму.