📽 „СПРЕМЕТЕ ГИ KOВЧЕЗИТЕ“ Илјадници луѓе протестираа по молитвата во Техеран
По петочните молитви во Техеран следеа големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажуваше слики од демонстранти кои газат по израелски и американски знамиња. Скај њуз цитираше жена од Карај, град западно од Техеран, како им кажува на жителите на Тел Авив „да ги подготват ковчезите“.
Илјадници луѓе денеска, 20 јуни, излегоа на улиците на Техеран и други ирански градови, одговарајќи на повикот на властите за големи толпи да се соберат на традиционалните петочни молитви и протести против Израел.
Демонстрантите мавтаа со знамиња и извикуваа антизападни слогани, многумина носејќи слики од ирански команданти убиени откако започна конфликтот со Израел.
Скај њуз цитираше жена од Карај, град западно од Техеран, како им кажува на жителите на Тел Авив „да ги подготват ковчезите“.
По молитвите во Техеран следеа големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажуваше слики од демонстранти кои газат по израелски и американски знамиња. Знамиња на Хезболах, либанскиот сојузник на Иран, исто така беа развеани на улиците.
Thousands of defiant Iranians flood country’s streets in support of their government
Chants condemning US and Israel echo through several marches across the country#IranIsraelConflict pic.twitter.com/jV7MAuMfe3
— African (@ali_naka) June 20, 2025
Уште една болница во Техеран е погодена од израелските напади, соопшти денеска иранското Министерство за здравство. Во соопштението се наведува дека тоа е третата болница во Иран што е нападната од почетокот на конфликтот минатиот петок, јавува Ал Џезира.
„Шест амбулантни возила и центар за сеопфатни здравствени услуги беа исто така брутално нападнати од ционистичкиот непријател“, се наведува во соопштението, јавуваат иранските медиуми.
Се додава дека Израел во рок од седум дена ја прекршил меѓународната конвенција „повеќе од шест пати“.
Израелски медиуми објавија дека при напад со израелски дрон врз зграда во Техеран убиен е уште еден ирански научник специјализиран за оружје.
Од 13 јуни досега во израелските напади загинале десетина ирански нуклеарни научници.
Иран денес соопшти дека нема да разговара за иднината на својата нуклеарна програма додека продолжуваат израелските напади.
Додека Европа се обидува да ја врати на преговарачка маса, а САД размислуваат дали да се приклучат во конфликтот.