СПРЕЧЕНИ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ! Полицијата од безбедносни причини не им дозволи на македонските делегации да се приближат
Пред споменикот на Гоце Делчев беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници, предавници".
По отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, делегации се упатија кон споменикот на Гоце Делчев каде сакаа да положат цвеќе, но беа оневозможени да го сторат тоа. Полициските службеници од безбедносни причини не дозволија да биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев каде беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници, предавници“.
На плоштадот се скандираше „Бугарите и Македонците се еден народ“, а се извикуваа и имињата на Гоце Делчев, Тодор Александров, Даме Груев, Ванчо Михајлов. „Хероите не умираат“, извикува луѓето од групата, а полицијата ги раздвои двете групи да не дојде до контакт.
Зголемено полициско обезбедување имаше и за време на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцарев”, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски „предавник“.