СПРЕЧЕНА СЕЧА НА 100 ДРВЈА ВО АЕРОДРОМ Муцунски и Арсовска ветија дека ќе биде спасен дрворедот на улицата Васко Карангелески
Јас и градоначалничката Арсовска апсолутно сме посветени кон реализација на нашите ветувања. Ветивме дека ќе има нови сообраќајни решенија и токму тоа и го има. Дека ќе биде спасен дрворедот, апсолутно се спасува дрворедот. Според претходниот проект, требало над 100 дрвја да бидат целосно исечени, сега сите тие дрвја ќе бидат спасени, истакна градоначалникот Муцунски.
Спречена е сеча на околу 100 здрави дрвја долж улицата „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром во Скопје иако првичниот проект за проширување и реконструција на улицата тоа го предвдидуваше, јави радоначалникот Тимчо Муцунски.
Муцунски, заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП „Паркови и зеленило” Ангеле Сотировски денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги објаснија деталните планови за промената на планот и проширувањето на улицата.
– Јас и градоначалничката Арсовска апсолутно сме посветени кон реализација на нашите ветувања. Ветивме дека ќе има нови сообраќајни решенија и токму тоа и го има. Дека ќе биде спасен дрворедот, апсолутно се спасува дрворедот. Според претходниот проект, требало над 100 дрвја да бидат целосно исечени, сега сите тие дрвја ќе бидат спасени – истакна градоначалникот Муцунски.
Градоначалникот ја повтори заложбата на Општината за зазеленување на Аеродром и зголемување на зелените површини, истакнувајќи дека за само неколку месеци на нашата територија се засадени над 400 нови садници.