СПРЕЈ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПЕСТИЦИДИ Испрскајте ги намирниците 10 минути пред консумација
Овој спреј за отстранување на пестициди од овошјето и зеленчукот е лесен за правење и практичен за употреба
Овој спреј особено се препорачува кога купувате овошје и зеленчук во трговски центри или од непознат извор. Лесен е за правење и многу практичен за употреба. Смесата се истура во дозатор со шприц и овошјето и зеленчукот се прскаат од сите страни десет минути пред употреба и се оставаат да отстојат половина час, а потоа убаво се мијат.
Измешајте:
1 шолја вода
1 шолја бел алкохолен оцет
1 лажичка сода бикарбона
За поголеми количества овошје или зеленчук, вака подготвената течност можете да ја ставите во сад и да ги потопите овошјето и зеленчукот во неа.
Фото: Unsplash