Спортскиот кардиолог Шарма: Нема кардиолог кој ќе му дозволи на Ериксен да се врати на фудбалските терени

Данецот кој вчера колабираше на натпреварот против Финска, за среќа се врати во живот иако, како што изјави и докторот на репрезентацијата на Данска, во одреден момент целосно го загубиле играчот.

2,698

Еден од најпознатите спортски кардиолози во светот и сигурно најпознат во Англија, Санџај Шарма изрази сомневање дека  данскиот играч Кристијан Ериксен нема да може да се врати на фудбалските терени.

Данецот кој вчера колабираше на натпреварот против Финска, за среќа се врати во живот иако, како што изјави и докторот на репрезентацијата на Данска, во одреден момент целосно го загубиле играчот.






– Ова момче имало нормални тестови се до 2019 година, и сега како да го објасниме срцевото запирање? Добра вест е што е жив, лоша вест е што се доближува кон крајот на кариерата. Дали ќе игра повторно професионално фудбал? Не можам да кажам, но со сигурност не би можел да игра во Англија. Ние сме многу строги околу тоа – изјави кардиологот.

Тој додаде дека причина за срцев удар во Ериксен може да биде некоја недефинирана здравствена состојба или висока температура,

– Фактот што е стабилен и буден е одлична. Не знам дали некогаш повторно ќе заигра фудбал. Да не го кажувам ова премногу отворено, но тој умре на натпреварот. На неколку минути, но умре, па сега се прашувам дали лекарите ќе му дозволат да умре повторно? Одговорот е не – изјави Шарма.

Поврзани содржини