СПОРТСКИ РИБОЛОВЕЦ СЕ УДАВИ ВО ДЕБАРСКО ЕЗЕРО Обдукцијата треба да утврди која е причината за смртта

Ова е втор случај на давеник во Дебарско Езеро, годиава.

518

Маж на возраст од 46 години попладнево се удавил во водите на Дебарско Езеро, во делот близу Општина Центар Жупа.

„Во 16.05 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарско Езеро во близина на селото Папрадник, Општина Центар Жупа, било забележано безживотно машко тело. Од преземените мерки на терен, полициските службеници, констатирале дека се работи за М.И.(46) од Скопје“, информираа од полицијата.






Телото на удавениот е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

-Наша екипа на итна медицинска помош брзо по дојавата пристигна на местото. Дежурниот лекар само констатирал смрт. На телото на удавеното лице немало траги на насилство – потврдија за МИА од Општата болница со проширена дејност.

Според рибочуварската служба станува збор за спортски риболовец, кој често доаѓал на риболов за што поседувал и дозвола.

Ова е втор случај на давеник во Дебарско Езеро, годиава.

На крајот на јуни  жена на возраст од 27 години се удави во близина на градската плажа.

Поврзани содржини