СПОРТСКА САБОТА ПОЛНА АДРЕНАЛИН Перински беше на трибините на финалето на Купот на Македонија

Спортска сабота, полна со адреналин! Без двоумење ја прифатив поканата на градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов заедно да го проследиме кошаркарскиот спектакл помеѓу скопски МЗТ и гевгелиски Кожув, напиша министерот за локална самоуправа велејќи дека настанот е вистински празник за општините кои ги поддржуваат своите спортски клубови.

126

Министерот за локална самоуправа Златко Перински беше на трибините за завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија. Тој вели дека кошаркарскиот натрпевар меѓу МЗТ и гевгелиски Кожуф е вистински празник за вљубениците во кошарката и празник за општините што активно ги поддржуваат своите спортски клубови.

„Спортска сабота, полна со адреналин! Без двоумење ја прифатив поканата на градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов заедно да го проследиме кошаркарскиот спектакл помеѓу скопски МЗТ и гевгелиски Кожув. Во друштво на Дејан Митески градоначалникот на Аеродром, мојот колега Борко Ристоски, Министер за спорт, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев како и Филип Ѓоревски извршниот директорот на МЗТ Скопје Аеродром ја заокруживме завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија, а со искуството на МЗТ Скопје и енергијата на домашната публика на Кожув се создаде незаборавна атмосфера.






Вистински празник за вљубениците во кошарката, празник за општините што активно ги поддржуваат своите спортски клубови. Спортот обединува, носи заедништво, емоции и возбуда, и ова финале е одлична можност да го прославиме спортскиот дух на натпреварувањето,“ објави на Фејсбук, министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

 

 

Поврзани содржини