Порталот Спорт 1 објави снимка која била испратена до редакцијата на која се гледаат последните моменти од автомобилската трка во Пробишитип пред да се случи трагедијата во која загина 62 годишниот Кире Андреевски-Кирца, директор на ридско-брзинската трка.
Учесник во трката, како што, објави Плусинфо претходно, пред самиот крај изгубил контрола над возилото и удрил во Андреевски кој беше и долгогодишен судија.