СПОРНОТО ИНТЕРВЈУ СО ЛАТАС СИМНАТО ОД ЈУТЈУБ Водителот Лазаров го избриша својот коментар на Фејсбук
Разговорот, кој предизвика бура реакции, од попладнево не може да се најде на социјалната мрежа.
Интервјуто на Драган Павловиќ Латас веќе го нема на каналот на Стефан Лазаров на мрежата Јутјуб. Разговорот кој предизвика бура реакции, затоа што Латас во еден дел раскажува за сексуално искуство со девојка на која ѝ биле удирани шамари, од попладнево не може да се најде на социјалната мрежа. Интервјуто беше емитувано пред пет дена.
Денеска по пријава од МВР, Јавното обвинителство соопшти дека е отворен предмет. Од обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.
Јутуберот Лазаров вчера ја повлече првичната реакција на социјалната мрежа Фејсбук и најави ново видео во кое ќе ја објасни ситуацијата, за која вели дека „отишла предалеку“.
Освен невладини организации ијавни личности, настапот на Павловиќ го осудија и здруженијата на новинарите и нивните синдикални организации.