СПОМЕН-КУЛАТА Е ПОСВЕТЕНА НА СИТЕ ЗАГИНАТИ ВО КОНФЛИКТОТ ОД 2001 ГОДИНА Груби тврди дека со него се означува историски момент

Подготовката за тој споменик е започната години наназад, уште кога градоначалник беше Садула Дураку и ги има поминато сите филтри низ општинските процедури за да биде целосно легитимно, рече Груби.

716

Спомен-кулата во Слупчане е посветена на паднатите борци во војната во 2001 година и не е со намера да биде против никого, туку дека тој настан треба да биде означен како историски момент, изјави првиот вицепремиер Артан Груби.

– Затоа овој споменик не е за поделба туку е за обединување, и мора така да се доживува од сите граѓани, бидејќи немаше никаква провокација, немаше ниту било каква намера да биде против било кого друг, туку да се одбележи еден историски момент како што е војната од 2001 година. Инаку подготовката за тој споменик е започната години наназад, уште кога градоначалник беше Садула Дураку и ги има поминато сите филтри низ општинските процедури за да биде целосно легитимно – рече Груби.






Груби речев дека денеска беше ден на општината Липково, и по тој повод градоначалникот ги поканил сите претставнци на ДУИ.

– Учествувавме на настанот на инаугурација на споменикот кој што беше посветен на сите паднати борци, на сите жртви, од војната во 2001 година и тоа што го кажа господинот Ахмети, мислам дека беше главната порака од денешниот настан,  а тоа е дека Новата историја на Република Северна Македонија не може да се пишува без ОНА, односно дека новата историја по 2001-та година мора да ја вклучува таа епизода од модерната историја на Република Северна Македонија – рече Груби.

 

Поврзани содржини