Спогодбено ќе се решава спорот меѓу Владата и „Макпетрол“ за гасоводен систем

537

Владата денеска на деветтата седница го разгледа и усвои Предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, со заклучок тој да биде испратен на усвојување во Собранието.

„Со Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба се решава долгогодишниот спор во врска со утврдување на учеството на секоја од страните во реализација на изградбата на гасоводниот систем во Република Северна Македонија, со што се постигнува надминување на несогласувањата и завршување на сите започнати постапки“, соопшти владината прес-служба.

Поврзани содржини