СПЛАСНА ОПТИМИЗМОТ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ Паднаа цените на златото и на нафтата

Оптимизмот на берзите што преовладуваше откако САД и Кина постигнаа привремен договор во Женева е минато, а инвеститорите се претпазливи и загрижени за долгорочната неизвесност околу деталите и спроведувањето на трговските договори.

316

Европските берзански индекси денеска се малку повисоки, цените на нафтата, златото и пченицата паднаа, додека инвеститорите чекаат податоци за трговскиот биланс на Еврозоната и информации за расположението на потрошувачите во САД.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 61.545 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 64.427 долари.






Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 35,705 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 3.215,77 долари за унца, а цената на пченицата на 5,3114 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,12124, што е за 0,22 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.

Оптимизмот на берзите што преовладуваше откако САД и Кина постигнаа привремен договор во Женева е минато, а инвеститорите се претпазливи и загрижени за долгорочната неизвесност околу деталите и спроведувањето на трговските договори.

Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,54% на 23.805,50 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,51% на 8.675,30 поени, францускиот CAC 40 за 0,32% на 7.878,75 поени, а московскиот MOEX за 0,31% на 2.848,85 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones порасна за 0,65% на 42.322,75 поени, индексот S&P 500 за 0,41% на 5.916,93 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq падна за 0,18% на 19.112,32 поени.

 

Поврзани содржини