Специјално признание за Ерхард Бусек на „Преспа форум“
Бусек е еден од силните поддржувачи на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Исто така Бусек беше координатор на Југоисточната иницијатива за соработка и Претседател на институтот за Дунавскиот регион и Централна Европа.
Министерката за образование и наука Мила Царовска во рамките на „Преспа Форум за Дијалог“ му додели специјално признание за исклучителен придонес во меѓународната промоција на Македонија, на поранешниот австриски вицеканцелар и координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа Ерхард Бусек.
– Од името на Владата и на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ви го врачувам ова признание и искрено ви се заблагодарувам за вашата безрезервна, посветена и силна поддршка што ја дадовте и сé уште ја давате на нашата земја. Ние помладите генерации политичари треба да го следиме вашиот пример и да учиме од вашето богато искуство со што ќе придонесеме за силно партнерство и заеднички напредок на регионот – рече Царовска.