СПАСУВАЧКА АКЦИЈА СО ХЕЛИКОПТЕР Повреден 57-годишен маж извлечен од падините на Љуботен
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни 2025 година во 13:20 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на непристапен терен на падините на Љуботен има повредено лице, за кое било потребно итно извлекување.
На падините на врвот Љуботен, во непристапен планински терен, полицијата и Армијата спровеле сложена спасувачка акција за извлекување на повреден 57-годишен маж од тетовско село.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни 2025 година во 13:20 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на непристапен терен на падините на Љуботен има повредено лице, за кое било потребно итно извлекување.
„Во 19:45 часот со хеликоптер од АРМ е подигнато повреденото лице Ј.С. (57) од село Рогачево, тетовско, и е транспортирано во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје за укажување лекарска помош“, информираат од полицијата.
Покрај повредениот, на теренот биле затекнати уште две лица – Ф.Ф. (45) од Скопје и С.С. од село Рогачево, кои, според полицијата, биле во добра здравствена состојба.
Тие биле преземени од полициски службеници и месното население и биле безбедно пренесени во село Старо Село, тетовско.