Спасовски: Се прави проценка дали е потребна трета вонредна состојба

Меѓутоа сега во овој момент немаме одлука во однос на тоа, рече Спасовски.

1,032

До крајот на наеделата ќе се направи проценка, дали е потребно прогласување нова, трета вонредна состојба, рече денеска премиерот Оливер Спасовски при посетата на трафостаницата на МЕПСО во Штип..

– Ако е потребно тоа, ако се неопходни условите дека преку вонредна состојба полесно се справуваме со целата оваа ситуација, тогаш ќе носиме и таква одлука. Меѓутоа сега во овој момент немаме одлука во однос на тоа – рече Спасовски.






Спасовски смета дека политичките партии треба да се договорат за датумот на избори врз основа на законски прописи во државата.

– Вонредната состојба, прекинот на вонредната состојба и ни остануваат уште 22 дена до изборите и тоа е нешто што сите политичари треба да бидат и одговорни и разумни во овој дел. Очекувам да се поттикне дијалогот меѓу политичките партии. Затоа што денеска се разговара и се зборува за интерес на државата и граѓаните. Ако најголем интерес е државата и граѓаните, тогаш мислам на минимум треба да се сведат личните или партиските интереси и одлуките да ги носиме во интерес на граѓаните и државата -рече Спасовски.

Поврзани содржини