СПАСОВСКИ САМИОТ СЕ ОТКАЖАЛ ОД МВР Му понудив на Ковачевски друг човек да дојде на моето место

Со Димитар Ковачевски имавме неколку средби на кои разговаравме на оваа тема. Јас понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со МВР, изјави Спасовски.

2,667

Еден од ретките министри кои останаа во новата Влада на Димитар Ковачевски од редовите на СДСМ, Оливер спасовски, изјави дека на новиот премиер му понудил друг човек да дојде на неговата позиција во Министерството за внатрешни работи.

– Со Димитар Ковачевски имавме неколку средби на кои разговаравме на оваа тема. Јас понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со МВР – рече Спасовски на ТВ 24.






Тој додаде дека Агенцијата за национална безбедност е реформирана за време на неговиот мандат и дека повеќе нема прислушкувања на граѓани.

Поврзани содржини