Спасовски: Пописот како обврска влегува во првиот пакет од рамката за преговори со ЕУ

372

Пописот, како и сите прашања кои оправдано или неоправдано се одолговлекувале изминатиот период очекувам да бидат реализирани после изборите и формирањето на парламентот и на политичката влада, пописот како обврска влегува во првиот пакет – фундаменти од рамката за преговори со ЕУ, тече денеска Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.

– Тоа е важно не само заради преговорите, туку и за економскиот развој на државата и следењето на демографските состојби. Многу прашања кои ни се поврзани со преземањето на конкретни чекори во креирање на политики, во реализација на тие политики. И нашиот став е познат како Влада дека ние навистина посакуваме да се организира попис и го сметаме за исклучително статистичка операција во која што ќе ги добиеме сите можни параметри, врз основа на кои ќе можеме да градиме свои политики за развој на државата, а тоа ќе биде и основата која е потребна за почнување на прегворите со ЕУ – рече Спасовски. 

Поврзани содржини