Спасовски од Дебар: Поминавме тежок период, но не е сè завршено и не треба да бидеме релаксирани
Во наредниот период ќе има многу мерки, веќе презентиравме два сет мерки на кои треба да се приклучат и компании од Дебар и Центар Жупа, да помогнеме економијата да преживее, а со тоа да имаме добра подготовка за брзо и ефикасно заживување на економијата
Денеска можеме да испратиме силна порака на охрабрување, не само за граѓаните на Дебар и Центар Жупа туку и за граѓаните на Македонија дека знаеме, можеме и умееме да се справиме и
во овие тешки моменти, порача премиерот Оливер Спасовски од Дебар.
Тој додаде дека граѓаните од двете општини беа 30 дена во карантин и со ограничување на движењето поради здравствената криза.
– Граѓаните се за секоја пофалба и признание, поради дисциплинираноста и посветеноста во борбата против короноавирусот и тоа покажува дека со посветеност, преку дисциплина и внимание и преку упорност, којашто ја има секој од нас, можеме да си помогнеме и себеси и на нашите семејствата и на државата – рече Спасовски.
Тој искажа голема благодарсност и признание на здравствените работици, кои беа на првата „борбена линија“ против невидливиот непријател, на македонсклата полиција и армијата, кои дадоа се од себе полесно да поминеме во оваа криза, на сите владини и локални институции, на градоначалниците и општинските оперативни штабови кои, како што рече, направија се да имаме доследна имплементација на мерките што ги донесе владата во изминатиот период.
– Поминавме тежок период, меѓутоа сѐ уште сѐ не е завршено. Периодот кој можеби беше најтежок во Дебар и Центар Жупа, меѓутоа во ниту еден момент од денеска натаму не треба да бидеме релаксирани, туку напротив да продолжиме со почитување на сите мерки и препораки коишто ги носи влатата и се она што работат и препорачуваат општинските штабови – порача премиерот.
Тој посочи дека она што можеме да придонесеме заедно и ефикасно е социјалната дистанца:
– Затоа ги повикувам сите граѓани на РСМ да направиме сѐ да ги почитуваме мерките, а тоа е да останеме дома што е можно повеќе и заедно да придонесеме да го победиме ова зло на територијата на целата наша земја – нагласи Спасовски.
Сакам, речет тој, да ја искажам посветеноста на владата да направиме се што е можно и да го заштитиме здравјето и животот на граѓаните.
– Меѓуоа да направи и сѐ што треба да направиме како влада, да и помогнеме на економијата и во Дебар и Центар Жупа. Сите граѓани треба знаат дека ние сме тука, имаме план, се грижиме за тоа што треба да направиме. Во наредниот период ќе има многу мерки, веќе презентиравме два сет мерки на кои треба да се приклучат и компании од Дебар и Центар Жупа, да помогнеме економијата да преживее, а со тоа да имаме добра подготовка за брзо и ефикасно заживување на економијата – рече премиерот Спасовски.