Спасовски: Мерките повторно ќе бидат воведени ако се зголеми бројот на заболени

Сега граѓаните знаат што ги очекува кога имаме зголемен број на заболени. Тоа ќе значи нови рестриктивни мерки, повторно сериозни проблеми кои ги имавме досега и затоа апелираме до сите да ги почитуваат мерките кои се уште се на сила.

1,411

Премиерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање доколку повторно се зголеми бројот на заболени со ковид-19, тој рече дека тоа ќе значи нови рестриктивни мерки и повторно сериозни проблеми.

– Често прашувавме кога ќе се намалат мерките и секогаш одговорот беше во зависност од однесувањето на сите нас, ќе ги моделираме мерките кои ги носиме. Денеска можеме да заклучиме дека се исполнети услови да ги намалиме, а не ги воведовме ние како влада, а ниту комисијата ни ги предложи заради тоа што тие така сакале или ние така сме сакале. Сега граѓаните знаат што ги очекува кога имаме зголемен број на заболени. Тоа ќе значи нови рестриктивни мерки, повторно сериозни проблеми кои ги имавме досега и затоа апелираме до сите да ги почитуваат мерките кои се уште се на сила, а тоа е носењето на заштитна опрема, одржувањето на социјална дистанца и однесување по протоколите на Комисијата. Доколку ова се случува ние ќе немаме опасност за зголемување на бројот на заболени и ширењето на вирусот.

Поврзани содржини