Спасовски: Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прикрие ниедна боја

Мицкоски не може да понуди ништо ново, тој не може да донесе реформа ниту во својата партија, а не пак да носи промени во општините или државата“ рече потпретседателот на СДСМ.

332

– ВМРО-ДПМНЕ ја лажат јавноста дека се смениле дека ќе нуделе концепт за сите луѓе. Не е тоа концепт за сите луѓе, тоа е концепт за сите криминалци, затоа што нема криминалец што ВМРО-ДПМНЕ не го бранат и не го поддржуваат. Тоа знаат тие, да работат против правдата, да бидат на браникот на криминалот, на браникот на криминалците во нивните редови. И затоа Мицкоски не може да понуди ништо ново, тој не може да донесе реформа ниту во својата партија, а не пак да носи промени во општините или државата“ рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

– Ние во СДСМ знаеме одговорно со парите на граѓаните, да ги вложуваме во проекти кои се важни, проекти што го подобруваат животот и носат развој и напредок. Парите не ги фрламе во споменици, во палми и жални врби како што правеше ВМРО-ДПМНЕ за да му ги исполнуваат желбите на Груевски – рече Спасовски.






Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ не се навикнати парите да завршуваат кај граѓаните и затоа се противат на секоја мерка што значи денар повеќе во семејните буџети.

– Граѓаните знаат дека развојот, напредокот на општините и државата се можни само со СДСМ и знаат дека СДСМ го има најдоброто за нивната општина – рече Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ додаде дека за СДСМ зборот е збор и дека стојат зад ветувањата дадени пред граѓаните и дека реализирале речиси се од она што го дале како ветување.

– Да немате дилема дека тоа ќе продолжи да биде така и во иднина, за нас зборот продолжува да важи. На овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат или кандидатка за градоначалничката функција, ние од СДСМ застануваме зад програмата и ние, СДСМ ви даваме збор дека таа програма ќе биде реализирана – рече Спасовски.

Поврзани содржини