Спасовски и министрите избрани за пратеници ќе ја земаат само платата за ангажман во Владата

Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси забележа дека  членови на Владата кои се избрани за пратеници ќа земат две плати.

560

Владата информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието.

Оваа информација дојде откако Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси забележа дека  членови на Владата кои се избрани за пратеници ќа земат две плати.






„Владата како и досега, останува на силната поддршка за транспарентно и отчетно работење на сите институции во борбата против корупцијата и спречувањето конфликт на интереси, и ќе ја афирмира секоја дебата во таа насока базирана на факти и аргументи“, соопшти владината прес-служба.

Поврзани содржини