Спасовски: Ги уверувам граѓаните дека ќе гласаат во безбедни услови

Според Спасовски, Владата ќе ги обезбеди сите неопходни услови и во оваа кризна ситуација поради ковид-19 институциите да подготват и реализираат безбеден изборен процес од здравствен аспект.

233

Постигнатиот договор меѓу лидерите на политичките партии предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули е од исклучителен интерес за граѓаните и за перспективите на нашата земја. Тоа е првиот чекор кон организацијата на инклузивни, фер и демократски избори по примерот на европските искуства кои треба да станат наша редовна пракса во иднина, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Според Спасовски, Владата ќе ги обезбеди сите неопходни услови и во оваа кризна ситуација поради ковид-19 институциите да подготват и реализираат безбеден изборен процес од здравствен аспект.






„Ги уверувам граѓаните на нашата земја дека своето избирачко право ќе го остварат во безбедни услови“, наведува премиерот. 

Поврзани содржини