Спасовски е хоспитализиран на Инфективната клиника

Министерот Спасовски во понеделникот на својот профил на Фејсбук објави дека е позитивен на ковид-19. 

978

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од вчера е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје поради висока температура, потврдуваат од неговиот кабинет од каде велат дека министерот сега е во стабилна состојба.

– Министерот Спасовски од вчера е на Инфективна клиника поради висока температура. Неговата здравствена состојба сега е стабилна – потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо.






Министерот Спасовски во понеделникот на својот профил на Фејсбук објави дека е позитивен на ковид-19.

Поврзани содржини