Спасовски: Бројот на кражби бележи пад во споредба со лани

Максимално континуирано и посветено се работи во овој дел со цел, не само да ги спречуваме, туку и да ги откриеме сторителите и за тоа да сносат одговорност - рече министерот.

219

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека има намалување на бројот на кражби во споредба со минатата година што според него се должи и на превентивните активности на Министерството.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешното отворање на канцеларија во општина Илинден, Спасовски информираше дека заедно со Одделот за превенција работат на тоа да им укажат на граѓаните како и на кој начин треба да ги заштитат домовите, бидејќи, како што кажа, секој по малку треба да допринесе во јавната безбедност.






– Минатата, 2020 година, беше година во која покажавме многу добри резултати во повеќе области, дури имавме резултати што се најдобри во последните 30 години во повеќе видови на криминалитет. Оваа година, нашата цел е да ги подобриме уште повеќе тие резултати и што е можно криминалитетот да се намалува во некои рамки кои што би биле добри за сите нас и за граѓаните и за безбедноста. Така што максимално континуирано и посветено се работи во овој дел со цел, не само да ги спречуваме, туку и да ги откриеме сторителите и за тоа да сносат одговорност – рече Спасовски.

Дополни дека минатата недела биле расчистени околу 26 кражби на територија на Град Скопје и тоа пред сè кражби на инфраструктура на телеком операторите.

Поврзани содржини