СПАСЕНО КУЧЕ КОЕ ОСТАНАЛО ЗАГЛАВЕНО ЧЕТИРИ ДЕНА НА 11. КАТ! Подвиг на заловувачите на „Лајка“

„Ова херојско дело заслужува голема пофалба, им благодариме на Зоран и Магдалена за брзата и хумана реакција“ – се вели во иформацијата од ЈП „Лајка“.

262

Заловувачите на „Лајка“ вчера спасија куче заглавено на 11. кат на објект во изградба, од каде не можело да се симне и поминало таму цели четири дена, информира Јавното претпријатие за грижа за животните.

Вчера, по пријава од граѓани дека има заглавено куче на 11. спрат во објект во изградба, нашиот тим на заловувачи, Зоран и Магдалена, херојски се качија на 11ти спрат за да спасат куче, кое според пријавата од граѓаните било заглавено повеќе од 4 дена.






Кучето е сега во нашето прифатилиште каде ќе го помине хуманиот третман и ќе вложиме напори да и најдеме дом на Лора. Ова херојско дело заслужува голема пофалба, им благодариме на Зоран и Магдалена за брзата и хумана реакција“ – се вели во иформацијата од ЈП „Лајка“.

Поврзани содржини