СПАНАЌ БЕЗ МААНА Пет чекори за зачувување на сите хранливи материи

Околу 30 грама сиров спанаќ ќе обезбедат 16 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин А и 120 проценти витамин К.

139

Спанаќ треба да јадеме преку целата година, но особено во пролетните месеци кога на телото, по исцрпувачката зима, му недостасуваат витамини и минерали. Приближно 30 грама сиров спанаќ ќе обезбедат 16 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин А, како и 120 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин К.






Здравје на срцето и очите

Овој моќен зеленчук, исто така, може да се пофали со антиоксиданти кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од болести. Имено, темнолиснатиот зеленчук како спанаќот има исклучително висока содржина на бета-каротен и лутеин, два антиоксиданти кои се поврзани со намален ризик од рак.

Дополнително, спанаќот може да го одржи здравјето на срцето со тоа што помага во намалување на крвниот притисок. Покрај тоа, бројните антиоксиданти и витаминот К што се наоѓаат во овој зеленчук можат да бидат корисни за здравјето на срцето и да го намалат ризикот од заболувања.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини