ЈСП во загуба поради вирусот, Владата му даде неповратни 135 милиони денари

209
Владата на синоќешната седница одобри 135.000.000 денари неповратна помош за Град Скопје поради  кризата со корона вирусот која се осети во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје.





На седницата беше донесена и Одлука за одобрување средства од Буџетот на Северна Македонија за 2020 година, 135.000.000 денари на Град Скопје, како неповратна финансиска помош за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје, соопшти денеска Владата.
Поврзани содржини